Маричиќ: Со СДСМ останува и се проширува евтината тарифа на струјата и во следните четири години

by Fokus

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник на Коалицијата за европска иднина, Бојан Маричиќ, пред граѓаните на општина Аеродром и на јавноста уште еднаш ја повтори огромната промена што ја содржи програмата на оваа партија дека државните енергетски компании ги даваме во рацете на граѓанните, таму каде што и припаѓаат.

„Граѓаните стануваат акционери на енергетски компании. Висок процент од вкупниот број на акции во енергетските компании ќе се поделат еднакво на сите граѓани, сите граѓани вклучително и децата ќе добијат по најмалку 8.000 денари од вредноста на енергетските компании и до 500 евра за едно четиричлено семејство“, истакна Маричиќ.

Тој нагласи дека СДСМ и Коалицијата го задржуваат фокусот на грижата за граѓаните и една од најдобрите придобивки за нив ќе продолжи да се применува и во наредните четири години.

„Ќе ја задржиме евтината струја во наредните четири години, а за 100% ќе ги зголемиме капацитетите на обновливите извори на енергија и со тоа ќе дојдеме до 60% од вкупната потрошувачка во државата“, потенцираше Маричиќ.

Северна Македонија ги следи добрите практики на ЕУ и Европскиот зелен договор, а тоа значи до 2050 година да нема штетни гасови од фосилни горива.

„Затоа им пречи на ВМРО – ДПМНЕ нашата програма. Нема да има нови мали хидроелектрани од кои што прават профит токму тие. Особено во заштитените подрачја и националните паркови“, посочи Маричиќ.

На митингот во Аеродром, Маричиќ на граѓаните им се обрати заедно со претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова и вниманието на нивните поенти беше насочено кон здравата животна средина.

„Нашата визија е зелена Македонија како здрава животна средина за граѓаните. Чиста вода за пиење во секое населено место, одржливо управување со отпад и расчистување на дивите депонии кои им сметаат на сите граѓани. Пречистување на отпадните води за здрава почва за здрава храна, здрав живот и здрава Македонија“, истакна Секретаротот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник на Коалицијата за европска иднина, Бојан Маричиќ, пред граѓаните на општина Аеродром.

Поврзани новости