Маричиќ: Силјановска Давкова е наследник на политиките на Иванов

by Fokus

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, во интервју за Слободен печат рече дека Гордана Силјановска Давкова ги продолжува политиките на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а Стево Пендаровски го вратил кредибилитетот на институцијата претседател на државата.

– Не заборавајте дека кога Стево Пендаровски дојде на функцијата, институцијата Претседател на државата беше урнисана од претходниот претседател Ѓорге Иванов, кога во тие 10 години кога тој беше претседател, не можеме да се сетиме колку многу гафови и дамки имаше. Интересно е што сега, ВМРО-ДПМНЕ повотрно ја предлага Силјановска, која ги изгуби изборите пред пет години и која во суштина е наследник на политиките на Иванов. Вие имате објава каде што таа вели дека ќе потпишела амнестија на насилниците од 27 април, знаеме дека Иванов го одбележа својот мандат со онаа срамна аболиција. Исто така да не заборавиме дека Гордана Силјановска беше потписник за поддршка на кандидатурите на Иванов и во 2009 и во 2014 година. Силјановска е продолжител на ликот и делото на Иванов и мислам дека никој од нас не сака да се повторат тие два темни мандати. Затоа за нас, едноставен е изборот на граѓаните. Стево Пендаровски е човек кој ја врати стабилноста, кредибилитетот и правилниот курс на функцијата претседател на државата, но и на државата – истакна Маричиќ.

Тој додаде дека изборот на Пендаровски за втор мандат значи избор на стабилен претседател кој точно знае каде ја води државата и нема да отстапи од правилните принципи, а при тоа ќе се грижи за сите граѓани.

Поврзани новости