Маричиќ: Реформите се многу повеќе од нови ЕУ закони

by Fokus

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќна денешниот објаснувачки скрининг состанок за „Функционирање на демократските институции“, во своето воведно обраќање рече дека ова е област која е од суштинска важност за секое демократско општество и дека ќе бара максимална посветеност на реформската агенда која ќе помогне да се забрза напредокот во оваа важна област.

Реформските процеси не се само за воведување нова легислатива, туку и за промена на менталитетот и стилот на владеење. Знаеме и имаме искуство за тоа колку е важно владеењето на правото, како и тоа да имаме независни и ефикасни институции кои го гарантираат истото, рече Маричиќ.

Како што соопшти СЕП, вицепремиерот и главен преговарач Маричиќ на состанокот истакна дека Северна Македонија има постигнато огромен напредок во последните години, особено во однос на владеењето на правото и враќањето на демократијата со градење силни и функционални институции кои работат на принципите на отчетност, транспарентност и инклузивност, со што успешно одговорила на назадувањето кое е нотирано и во последниот Извештај на Европската комисија.

Поврзани новости