Маричиќ: Преспанскиот договор донесе крај на еден долгогодишен спор, членството во НАТО и ни го отвори патот кон ЕУ, за тоа не им е гајле во ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

„Нова демократија се однесува многу поодговорно кон Преспанскиот договор од ВМРО-ДПМНЕ, иако беше против кога тој беше усвојуван во грчкиот парламент. Меѓутоа, особено откако претседател Џо Бајден го стави Преспанскиот договор како еден од столбовите на регионалната стабилност во својата извршна одлука мислам дека нема дилеми кај ниту еден сериозен политичар дека договорот треба да се почитува и имплементира, бидејќи донесе крај на еден долгогодишен спор, наше членство во НАТО и ја отвори нашата европска перспектива“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во интервју за „Независен“.

Тој додаде дека во опозициската партија како да не сакаат да го разберат доволно или како да не им е гајле за тоа.

„Инаку, Нова демократија и ВМРО-ДПМНЕ не припаѓаат во исти табор во ЕПП. Знаеме дека ВМРО ДПМНЕ е многу поблиска до Фидес, партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, иако таа веќе не е членка на ЕПП. Мицкоски не објави дека ќе ја прави програмата со ЕПП, туку дека ќе ја прави со Фидес“ рече Маричиќ.

Поврзани новости