Маричиќ: Одговорност за застарување на предмети и непрофесионално постапување во судовите

by Фокус

Целта на отворањето на темата за филтрирање и прочистување во правосудството е токму да се лоцира точно одговорноста за застарување на определени предмети, за погрешно постапување по определени предмети, за случаи на евентуална потенцијална корупција, вели министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за Радио Слободна Европа.

-Значи, прашањето за одговорноста во правосудството и генерално во институциите е за нас централно прашање како влада и мислам дека е важно да сноси одговорност секој којшто ја злоупотребил на определен начин службената должност за да од некоја причина одолговлечи или, пак, од невнимание или, пак, од непрофесионално постапување застари или не донесе правилна одлука – истакнува Маричиќ.

Сепак, според него, тоа е работа на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, додека, нагласува тој, задачата на владата е да обезбеди соодветна законска рамка.

Поврзани новости