Со ребалансот се обезбедуваат 15 милиони денари за занаетчиите

by Фокус 14:31
14:31

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи останува посветена на помош и поддршка на граѓаните и стопанството во справување со економските последици од коронавирусот, истакна пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска.

-Мерките посветуваат особено внимание на самостојните вршителни на дејност, занаетчиите, кои се погодени од коронакризата. По носењето на ребалансот на Буџетот, Министерството за економија ќе објави Јавен повик за кофинансирање на трошоци за занаетчии при што се предвидува надомест на 60 отсто од трошоците или максимум 30.000 денари направени за набавка на алати и репроматеријали по апликант. За оваа намена од Буџетот на Министерството за економија се предвидени 15 милиони денари – рече Георгиевска.

- Advertisements -

Поврзани новости