Маричиќ очекува решавање на отворените прашања меѓу Македонија и Бугарија

by Fokus

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека имало позитивна енергија на вчерашната средба меѓу премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков.

Тој вели дека очекува решавање на отворените прашања меѓу државите.

„Ова е посета прва откако имаме двајца нови премиери и две нови Влади од двете страни на границата, практично го претставува новиот пристап во разговорите. Пристап во кој што има меѓусебно уважување, кој што има отворен дијалог и во кој што се проширува кругот на темите“, вели Маричиќ.

Поврзани новости