Првиот вицепремиер Бојан Маричиќ на денешниот поткаст истакна дека неуспехот на уставните измени најмногу и одговара на соседна Бугарија.
„Многу е логичен заклучокот дека неуспехот на устанви измени најмногу и одговора на Бугарија, односно на оние сили во Бугарија кои сакаат да не успееме и да не го градиме пријателството, олицетворени во некои политичари“ рече тој.
Маричиќ додаде дека македонското општество не треба да се откаже од европскиот пат, затоа што тоа е и механизам и водилка на политички и реформски план.
Рече и дека 2030 година е достижна цел за полноправно членство во ЕУ, но и дека члеството не треба да се гледа само како идеолошка линија, туку и како мотивација за завршување на реформскиот процес.
„Тоа нормално, да не го прифаќаме здраво за готово ниту како само идеолошка линија туку како мотивизација и за нашите задачи да ги завршиме. Да си посакаме среќа и за европските и за нашите избори да завршиме на побединчката страна и да не дозволиме радикалите, бидејќи јас мислам тоа што радикалите ја диктираат агендата во Европа и кај нас се случи токму затоа сме сега закопани во нерационална ситуација во која еден чекор кој ништо нема да не чини реално со уставните измени, се претставува како голем проблем“ – порача Маричиќ.