812
Министерот за правда, Бојан Маричиќ во гостувањето на ТВ 24 откри дека пред да дојде во студиото неофицијално дознал дека Апелацискиот суд ја преиначил пресудата за сообраќајката кај „Млечен“ во која живтот го загуби возачот на мотор, а неговата сопруга го изгуби бебето.
-Неофицијално, пред да дојдам тука дознав дека Апелацискиот суд ја преиначил пресудата за сообраќајката кај „Млечен“ и дал две години ефективен затвор и две години забрана за управување со моторно возило. Не знам дали е точно, ќе потврдат, информацијата ја добив од луѓе кои се информирани, рече Маричиќ.