Нашата држава повеќе не може да си дозволи „луксуз“ и да остане без попис уште неколку години. Дотолку повеќе што државите членки на Обединетите Нации се обврзани спроведуваат попишување на населението и имотот, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ на онлајн-конференцијата во организација на „Рома Интеграцион Центрум“ и го поздрави донесувањето на Законот за попис во Собранието.
Министерот кажа дека е време да се престанеме да се гледа на пописот како на политичко прашање, кое служи само за да се пребројат етничките заедници во нашата земја и како општество да се фокусираме на тоа како пописот може да биде своевиден катализатор на развојот на државата и планирањето на политиките, особено за најранливите категории на граѓани.
– Без да знаеме колку точно жители има некој град, село или населено место, што точно работат, какво образование имаат, со каков имот располагаат, што точно им е потребно, нема да можеме да креираме долгорочни развојни политики и да имаме соодветен слух за потребите на сите граѓани, изјави Маричиќ.