Повеќе од 70 милиони излекувани пациенти од Ковид-19 во светот

by fokus

Бројот на излекувани лица од корона вирус во светот од почетокот на пандемијата надмина 70 милиони.

Од Ковид-19 досега се заразени 97.537.264 луѓе. Моментно во светот има 25.397.668 активни случаи, од кои 99,6 отсто се полесно заболени, а 0,4 проценти потешко. Од коронавиусот починале 2.088.851 пациент.

Најмногу потврдени случаи има во САД – повеќе од 25 милиони, во Индија – над 10,6 милиони, во Бразил – повеќе од 8,6 милиони, во Русија – над 3,6 милиони и во Велика Британија – повеќе од 3,5 милиони лица.

Најголем број смртни случаи во светот се регистрирани во САД – повеќе од 400.000, потоа во Бразил над 200.000, во Индија повеќе од 150.000 и во Мексико над 140.000.

Поврзани новости