Министерот за правда, Бојан Маричиќ, изјави дека очекува до крајот на годината Советот за реформи во правосудството да ги усвои концептите за прочистување, односно, како што рече, за проверка на работата на судиите и на обвинителите.
-Ветувањето беше дека за првите сто дена ќе го прецизираме концептот за прочистувањето, односно филтрирањето во судството. Ветингот го отфрливме уште во 2017 година како концепт, а во моментов се финишира со концептот за прочистување што би требало во наредните денови да биде обзнанет. Она што е врзано и што трае малку подолго е што имаме и други фактори што исто така треба да го кажат своето мислење и да го доофрмат своето мислење – рече Маричиќ на Сител.
Тој додаде дека очекува пред крајот на годината Советот за реформи во правосудството да го усвои концептот за прочистување, односно за проверка на работата на судиите и концептот за работата на обвинителите.