СДСМ: Ниту тие 45 присутни на протестот не му веруваат на Мицкоски

by Фокус

Вечерва со дебаклот на таканаречениот протест стана повеќе од јасно дека на Христијан Мицкоски веќе не му веруваат ниту во самата партија, ниту тие 45 присутни во центарот на Скопје, реагираат од СДСМ на Зоран Заев.

„Граѓаните совршено добро знаат што е вистина и кој се бори за македонската иднина, кој го заштити македонскиот идентитет во најтешките преговори во историјата на земјата, а кој работи против интересите на државата, како што тоа го прави Мицкоски цели три години. Затоа јавноста не го поддржува и Мицкоски доживува дебакли на секој протест, затоа беше казнет од граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција. После двете заушки од странство Мицкоски доби шлаканица и од македонскиот народ“, стои во реакцијата на владејачката партија.

Поврзани новости