971
Министерот за правда, Бојан Маричиќ во вечерашното гостување на телевизија Телма рече цел на Владата е да се зголеми нивото на редовност и отечност во носењето на судските одлуки.
-Во случаите на корупција на судиите имавме видливи ситуации на висока корупција кои експресно беа решени, јас овде го гледам граѓанскиот интерес и интересот на правдата. Крупните риби да може да се соочат со законот. На иста страна сме со граѓаните кои ја бараат правдата. Добра е идејата да се собере група која ќе ги анализира постапките на судиите и да видиме каде е проблемот кај судиите, полицијата или законската постапка, вели Маричиќ .