558
Министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето на Утрински брифинг, изјави дека секогаш инсистира во договарањето за покачување на платите на судиите и обвинителите, тоа да важи и за нивните службеници и дека ова прашање системски ќе се решава.
-Тоа се решава системски затоа што ние веќе го овозможивме тоа преку измени на подзаконски акти за додатоци за плата на судската полиција, ги донесовме сите потребни подзаконски акти за да може да добијат додатоци и судските службеници. Исто така работиме на Законот за судска служба што ќе овозможи коефициенти и бодови за пристојни примања и тоа ќе оди се во еден пакет, рече министерот Бојан Маричиќ.