МВР: Истечените пасоши ќе важат до крајот на годината

by fokus 11:45
11:45

Од МВР ги информираат граѓаните дека пасошите чиј рок истекува по 31 јули 2020 година ќе продолжат да важат до крајот на годината.

-Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република Северна Македонија дека согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, кој стапи на сила на 11.06.2021, а ќе отпочне со примена од 01.07.2021, важноста на пасошот, дипломатскиот пасош и службениот пасош, чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули 2020 година, се продолжува до 31 декември 2021 година.

- Advertisements -

Имено, измената на Законот за патни исправи е направена со цел да им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините и другите отежнати услови, во нашава земја, но и надвор од неа, во дијаспората, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи, велат од МВР.

Поврзани новости