621
Министерот за правда, Бојан Маричиќ во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека правда во државата има но не е на задоволително ниво.
-Секако дека има правда, а дали е задоволителна тоа може да го дискутираме. Но, дефинитивно Северна Македонија е различна држава од она што беше. Сите очекувавме да биде подобро и побрзо, јас секојдневно сочувствувам со граѓаните дека во определени судови нема правда. Битката се уште не е докрај завршена, но дека сме тргнати по вистински пат, во тоа сум сигурен. Јас ќе бидам задоволен од нивото на правда кога сите случаи на СЈО ќе добијат завршница. Треба да се направи повеќе и некои работи многу побрзо да се одвиваат, смета Маричиќ.