Мицкоски ја пречкрта „Северна“ од дописот кој му го испрати Џафери

by fokus

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук напиша дека владиното мнозинство не ја примило граѓанската иницијатива за одложување на пописот. Тој го објави и дописот со кој претседателот на Собранието го известува за одбивањето и на истиот со маркер е пречкртано „Северна“ од уставното име на државата.

Во дописот стои дека иницијативата за одложување на пописот не е примена, бидејќи во неа стои дека се доставува до Собранието на Република Македонија, нешто што во правниот поредок на Републиката не постои, исто како и  „Закон за попис во Република Македонија“.

Поврзани новости