Маричиќ: Имаме еден услов за затворање на отварачкиот дел на преговорите

by fokus

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ на новинарско прашање дали постои разлика помеѓу преговорите на Европската Унија со Северна Македонија и со Албанија, изјави дека и двете земји во исти ден ги одржаа првите Меѓувладини конференции и заеднички го проследија состанокот за отпочнување на скрининг процесот.

– Она што ни беше исто така соопштено таму е дека заеднички ќе ја тераме фазата на скринингот, особено објаснувачкиот дел, а понатаму ќе видиме, рече Маричиќ, потсетувајќи дека ние имаме обврска за периодот на скринингот да направиме уставни измени, за продолжување на преговорите и одржување на втората Меѓувладина конференција.

Вицепремиерот истакна дека разликата е јасна и дека до наредната Меѓувладина конференција, односно до можноста да се отвораат Поглавја и Кластери, треба да се внесат во Уставот односно во преамбулата на уставот Бугарите, а секако и Црногорците и Хрватите.

– Ние имаме еден услов за да речам за затворање на отварачкиот дел на преговорите, односно за после скринингот. Ние практично со отворањето на преговорите го добиваме скринингот. Тоа претходно не беше можност затоа што немаше одлука за почеток на преговорите. Операционализација за почеток на преговорите е скринингот. Ние преземавме обврска во рамките на преговорите со Бугарија и тоа е дел од францускиот предлог, објасни вицепремиерот Маричиќ.

Поврзани новости