Маричиќ: Има судии кои не припаѓаат во судството

by Фокус

Министерот за правда Бојан Маричиќ на ТВ 21 изјави дека е убеден дека ќе се постигне напредок на полето на правдата во неговиот мандат.

-Јас сум убеден дека ќе успеам, така ја разбирам мојата мисија. Првите три години беа повеќе да се воспостави некоја законска рамка, да се даде шанса на судиите и обвинителите да се види колку ќе ја направат правдата видилива. Има судии кои добро и професионално си ја вршат работата, но има и судии кои дефинитивно не припаѓаат во судството – рече Маричиќ.

Тој додаде дека се потребни неколку чекори во овој мандат.

-Прво е целосно расчистување на случаите од СЈО, но во меѓувреме и случаи кои беа отворени, или ќе бидат отворени. Второ застарувањата, неажурноста или политичкото влијание да биде разоктриено и тргнато од судството колку што е можно подолго, но и трајно. И конечно, ажурно постапување и одговорање на потребите на граѓаните – истакна министерот.

Поврзани новости