Мицкоски: Самиот Заев за Пендаровски вели дека е неискусен политичар

by Фокус 23:22
23:22

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „200“ на Алсат М, коментирајќи ја кризната состојба и пропадниот обид за лидерска средба, вели дека не се познава разлика помеѓу ставовите на Зоран Заев и Стево Пендаровски.

– Баравме кризна состојба, тогаш не убедуваше сите нас дека нема потреба од кризна состојба, ниту имаме капацитети, сега гледаме дека песничка си пее со кризната состојба – потенцираше Мицкоски.

- Advertisements -

Тој додаде дека кога се носеше и одлука за вонредна состојба, тоа не се правело заради кризата во државата, туку, според него, за полесно да се носат закони пред изборите.

-Вонредна состојба се носеше за да се менуваат закони, а се со цел да се дообие предност на една политика елита. И сето ова, не гледам разлика помеѓу ставовите на Заев и ставовите на Пендаровски. Уште повеќе што Заев самиот вели за Пендаровски – неискусен политичар – нагласи Мицкоски.

Поврзани новости