510
Учесниците на 32. Охридски пливачки маратон ја поминаа скоро половина од патеката „Климе Савин“ во должина од 25 километри.
Засега пливаат во група, никој од пливачите не се одделува, што можеби зачи штедење на силите и тактизирање за финишот. Во групата се и македонските претставници Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев.
Маратонците пливаат од Свети Наум до охридското пристаниште, а моментално се пред Градиште.
На 32. Охридски пливачки маратон учествуваат 30 пливачи, а финишот се очекува за после 16 часот и 30 минути