Маратонски преговори без договор

by fokus

По пет часа преговори претставницните на четирите политички партии од резиденцијата на ЕУ во Пржино си заминаа без никаков договор.

Иако по посетата на помошничката државна секретарка на САД, Викторија Нуланд беше најавен нов пакет решенија за кризата, сепак партиите не можат да ги доближат ставовите околу клучните реформи за организација на избори.

Избирачкиот список и медиумите и натаму се двете главни прашања за кои преговарачите не можат да најдат компромис.

Ова е втора рунда преговори по посетата на Нуланд, а средба е закажана и за утре.

Според договореното од вчера, избори ќе има во ноември, но претходно, во август, треба да се провери дали се исполнети сите услови за фер политички натпревар.

Во Пржино вчера се разговарало и за специјално судско одделение и специјален оддел во Министерството за внатрешни работи за случаите Специјалното јавно обвинителство, но договор по ова прашање се уште нема.

 

 

Поврзани новости