ВМРО-ДПМНЕ: Груевски ја има целосната доверба од партиските структури

by fokus

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение ги нарече шпекулации информациите дека Груевски планира да се повлече од лидерската позиција во партијата.

-Претседателот Никола Груевски ја има целосната доверба на партиските структури. Дезинформациите раширени во медиумите на СДСМ – Сорос се само пуста желба на аболицираниот криминалец Зоран Заев кој мисли дека би се спасил од нов изборен пораз доколку пласира невистини за наводна смена во врвот на ВМРО-ДПМНЕ, велат од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека СДСМ на претстојните избори ќе се уверела дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе ја поразеле нивната „деструктивна политика“.

Поврзани новости