Точно 8 години Коце Трајановски знаел дека има проблем со обиколницата, ветил дека тој ќе биде решен, но за тоа ништо не направил, обвини денеска Дамјан Манчевски од СДСМ.
-По неколкуте поплавувања на подрумите во Стајковци пред и кратко по пуштањето во употреба на обиколницата, градоначалникот Тони Трајковски и Коце Трајановски изјавија дека е потребно да се ископа канал. Истиот ден Коце Трајановски во изјава за медиумите, тврди дека веќе почнува да се отстранува тој проблем. Но, ништо потоа не е направено. Почитувани, ова се факти. Зошто е пуштена обиколницата во употреба без да се заврши соодветно изградбата и направат потребните одводни канали? Зошто дозволија после цели 8 години да загинат 23 луѓе?, праша Манчевски.
Тој додаде дека Коце Трајановски е дирекно одоговорен за жртвите и штетите и треба веднаш да поднесе оставка, за да нова и одговорна власт започне нови, вистински инвестиции во инфрструктурата со цел ова веќе никогаш да не се повтори.