Нов обид за избор на петтиот член на ад хок телото за медиуми

by fokus

Четворицата веќе избрани членови на ад хок телото за медиуми денеска повторно ќе се обидат да го изберат петтиот член. Рокот за тоа веќе истече, а членовите кои се по предлог на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ никако не можат да се договорат за избор на последниот член кој ќе биде Албанец.

Според неогифицијални информации, во потесен круг останале влегле Сефер Тахири и Даут Даути, но во вторникот четворицата членови информираа дека не успеале да постигнат конензус.

За вчера иако имаше закажно средба, членови по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Димишковска и Цветин Чилиманов не се појавија, па средбата не се одржа.

Поврзани новости