556
Министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски во вечерашното гостување на ТВ 24 најави дека Владата утре ќе ја донесе конечната одлука за тоа колку ќе трае полицискиот час викендов, како и за останатите мерки.
-При носењето на одлуките Владата ќе ги има предвид бројките на новозаразени, но и психолошкиот момент за луѓето. Одлуките ќе бидат избалансирани, вели Манчевски.