Инфектологот Цана: Ако уште повеќе ги олабавиме мерките, тогаш зошто досега беа потребни рестрикциите?

by fokus

Инфектологот Фадил Цана од Инфективната клиника во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека доколку се оди со уште поголемо олабавување на рестриктивните мерки, тоа ќе биде пребрзо.

-Бројката пак е во тренд на пораст. Тоа се сведува дека однесувањето на граѓаните е малце опуштено. Кога се попуштија мерките тоа се сфати дека треба да се вратиме на однесувањето како пред да започне пандемијата. Ние мораме да сфатиме дека мора да се сменат нашите навики за секојдневниот живот, доколку сакаме борбата со пандемијата да ни биде успешна. Во спротивно, овој број ќе биде и поголем. Растот е поради тоа што не сме одговорни и не сме свесни дека ова е состојба која треба да ја прифатиме и треба да сме многу самодисциплинирани. Мерките за олабавување мислам дека политката е во прашања, ако одиме со уште поголеми олабавувања мислам дека тоа ќе биде пребрзо. Ако одиме на уште поголемо олабавување на мерките, тогаш зошто досега беа потребни овие рестриктивни мерки?, вели Цана.

Поврзани новости