Влегуваме во процес на професионализација на регулаторните тела, кои мора да бидат составени од независни експерти, бирани под надзор на јавноста, порача министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
-Одредени членови на советот на агенцијата, на комисијата на агенцијата за електронски комуникации, на програмскиот совет на МРТВ се поранешни и сегашни високи партиски функционери и се во меѓусебни роднински врски. Имаме разни вид конфликт на интереси. Треба да ги тргнеме рацете од регулаторните тела и никакви механизми нема да дадат резултат освен јавноста – рече Манчевски.
Тој додаде дека граѓаните ќе знаат кои се кандидатите за членови на регулаторните тела пред да се изврши изборот, а кандидатите во собранието ќе ја претстават својата биографија и план за работа.