Годишнина од „Шарената револуција“ ќе биде одбележана со изложба на фотографии од демонстрантите

by fokus 12:58
12:58

Невладината организација „Цивил“ организира одбележување на годишнината од „Шарената револуција“ со мултимедијална изложба и хепенинг под насловот „Протест(и) – потпис на револуцијата“. Како почеток на протестите „Цивил“ го земаат 12-ти април, датм кој, како што велат од таму, го означува граѓанскиот отпор кон недемократскиот режим во Република Македонија.

„Овој ден ја означува борбата за слобода и демократија што сѐ уште ја водиме. Во периодот од 2011 до 2017 реки од граѓанки и граѓани со барања за демократизација на државата и општеството течеa по улиците низ целата земја. Целиот овој период, фотографски, меѓу нив се трудевме да ги забележиме сите мигови кои ни минуваа пред објективите. Во чест и почит кон сите оние што беа спремни јавно и упорно да ги постават своите барања, го подготвивме овој мултимедијален настан под име „Протест(и)“. Ве повикуваме заеднички да ја потпишеме Револуцијата!“, порачуваат од „Цивил“.

- Advertisements -

Мултимедијалниот настан е финансиран и поддржан од Собрание на Град Скопје и Министерството за култура, а во организација и заедничка соработка на Александар Кондев, фотограф, со ЦИВИЛ – Центар за слобода, Кирил Михаилов, архитект, Ирена Стеријовска, режисерка и граѓанска активистка и студиото „Imagine“.

Поврзани новости