Манчевски: Порталите треба да имаат уредник и да не се во сопственост на офф-шор компанија

by Fokus

Во делот на интернет порталите кои пласираат информативни содржини, мој личен предлог е минимум да се декларира еден уредник и дека не смее да биде во сопственост на офф-шор компанија, истакна министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

–  Тука има голем етички проблем до каде е линијата и до каде треба да се оди во регулација, а кога веќе се навлегува во приватноста. Ова се прашања на кои Владата не треба сама да нуди одговор, туку треба да отвориме дебата. Ако станавме познати како извор на „лажни вести“, можеме да станеме и место каде што почнало да се дебатира околу некаква координирана иницијатива – истакна Манчевски.

Поврзани новости