411
Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, денеска ги повика сите домашни и странски градежни компании да не учестуваат на повикот, кој еветуално би бил распишан за нови барокни фасади.
-Новата лудост на власта на Никола Груевски нема да успее, затоа што граѓаните нема да дозолат Градскиот трговски центар, МОБ и Универзитетската библиотека да ги сменат фасадите во барок. Веднаш по смената на власта, средствата наменети за новите барокни фасади, ќе бидат пренаменети за гасификација на Скопје и за други неопходни потреби на граѓаните. Ги повикувам функционерите на ВРМО-ДПМНЕ, чесните и одговорни поддржувачи на ВМРО- ДПМНЕ, да ја откажат послушноста на Никола Груевски во спроведувањето на лудилото со Скопје 2014, рече Манчевски.