525
Министерот Дамјан Манчевски во изјава за Канал 5 вели дека доколку нема ново продолжување на вонредната состојба, тогаш изборите треба да се одржат на 5 јули.
-Она, што според мене е поважно од датумот на избори, дали на 5 јули или некој друг ден, е изготвување на протоколи за организација на изборите, протокол за изборна кампања, за денот на изборите. Сега и секојдневните проблеми на граѓаните се решаваат со уредби и затоа е неопходно што побрзо да имаме легитимни институции, согласно здравствените протоколи за заштита на безбедноста на граѓаните, вели Манчевски.