Избори на 5 јуни нема да има. Тоа вчера го констатираше и ДИК. И дијаспората кажа НЕ на наместени избори, изјави денеска Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.
– Согласно официјалните податоци од ДИК, во дијаспората за гласање се регистрирале вкупно 4848 гласачи. Тоа значи дека дури и Груевски на сила да сака да глуми избори, во дијаспората нема да се организира гласање. Готово е Никола, режимот се руши по сите основи. Уште еднаш бараме итно да се свика Собранието за да продолжи со работа и итно да се поништи одлуката на Иванов за аболиција. Нашата позиција е многу јасна и веќе неколку пати кажана. Бараме да се свика Собранието и да се поништи одлуката за аболиција на Иванов. После тие два чекори би можеле да седнеме и да преговараме – истакна Манчевски.