479
Министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 рече дека верува дека има добри и чесни луѓе во ВМРО-ДПМНЕ.
-Сега зависи од пратениците, дали се за ЕУ или НАТО или не. Јас се уште верувам дека има добри луѓе во ВМРО-ДПМНЕ и и сакаат добро на државата и дека ќе се охрабрат да го направат виситнискиот чекор во државата. Ако нема такви јунаци, тогаш единствена опција се изборите. Апсолутно има добри и чесни луѓе во ВМРО-ДПМНЕ, но се под притисок на Мицкоски. Треба да знаат дека народот стои зад нив, рече Манчевски.