-Колку и да сака да прикаже дека СДСМ е против гласањето на нашите луѓе од дијаспората, тоа едноставно не е точно. Најголем контраргумент е тоа дека дијаспората ЌЕ гласа. Правото на глас на нашите сонародници единствено беше загрозено од Никола Груевски, кој сака на ефтин начин, со само неколку стотини гласа, со амбасади претворени во штабови на ДПМНЕ, да добива пратеници, изјави Дамјан Манчевски од СДСМ во пресрет на денешните преговори на работните групи.
– СДСМ не ја разбира дијаспората како средство за добивање гласови. Ние се залагаме за суштинско поврзување на нашите иселеници со матичната држава и затоа веднаш по смената на власта, ќе формираме Министерство за дијаспора.Како и секогаш до сега Никола Груевски безобразно лажеше. Од јули, откако се почнати преговорите па до денес, сме немале ниту една пауза во преговорите по барање на претставниците на СДСМ. Сите досегашни паузи биле по барање на претставниците на ВМРО ДПМНЕ, барале внатре партиски консултации, дополнителни информации, пауза. Еднаш дури ги снема од преговарачката маса. Дури еве и денес се среќаваме после неколку дена откако тие побараа време за внатре партиски консултации.
Денес конечно се надеваме дека доволно внатрешно се консултирале и дека конечно нешто конструктивно ќе предложат. Тоа се однесува и во однос на прашањето на гласањето на дијаспората, без да навлегувам во многу детали, на самите преговори, на преговарачката маса беа неколку предлози и механизми коишто целосно се во согласност со препораката на ОБСЕ/ОДИХР за изедначување на бројот на гласови потребни за избор на пратеник во Македонија и во странство. За нас сите се прифатливи, за ВМРО ДПМНЕ ниту еден. Дополнително сите предлози коишто ги даваа во однос на решавање на овој проблем беа целосно спротивно на препораката на ОБСЕ и ОДИХР и спротисвно на она што самиот Никола Груевски го потпишал на 15-ти јули. Очигледно е дека Никола Груевски е единствениот политичар на таа преговарачка маса којшто не е подготвен на 24-ти април да се соочи со граѓаните на фер и демократски избори, изјави Манчевски