Уште еден загинат во сообраќајна несереќа

by Фокус 16:55
16:55

Прилепчанец на возраст од 24 години утрово загина во сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Кривогаштани, кај селото Врбјани. Несреќата се случила откако тој изгубил контрола на својот автомобил и излетал во нива покрај патот, која била поплавена.

Полицијата интервенирала со пајак службата за да го извади возилото од нивата. Направен е и увид на местото на несреќата, а од обдукцијата ќе се утврди дали момчето загинало од силниот удар или се удавило во нивата со вода.

- Advertisements -

Поврзани новости