Манчевски ги повика сите партии да го почитуваат СЈО

by Фокус 13:54
13:54

Целосно ја поддржуваме работата на Специјалното јавно обвинитеслтво и ги повикуваме сите останатати политички партии и чинители во општеството да се држат до Договорот пржино и да го сторат истото, изјави денеска Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

– Ова Специјално јавно обвинителство се формираше со поддршка и консензус на четирите политички партии и од партиите застапени во Собранието на Република Македонија. Се надеваме дека и понатаму ќе продолжат да ја поддржуваат работата на СЈО – рече тој.

- Advertisements -

Манчески одби да го коментира фактот што Кривичниот суд не ги прифати барањата за притвор на обвинителството за Едмонд Темелко, Миле Јанакиески и други осомничени за изборен криминал.

Поврзани новости