Манчевски ги повика роднините на функционери да се повлечат од работните места

by fokus

Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, денеска ги повика роднините на функционери и од власта и од опозицијата веднаш да се повлечат од своите работни места во јавната администрација. Нивните вработувања, рече тој, ќе бидат доставени на анализа во Антикорупциска комисија.

-Ургентно е веднаш да се повлечат и тие од власт и од опозицијата. Ги повикуваме сите и до власта и од опозицијата да се повлечат, сите податоци и за едните и за другите ќе ги доставиме до Антикорупциска комисија – рече Манчевски додавајќи дека не знае колкумина се веќе вработени, а кои се блиски до функционерите од власта.

Манчевски рече дека во иднина ќе има измени во начинот на вработувања, додавајќи дека проблемот е во раководната служба.

-Ако раководителот не се согласи на нешто, нема да се случи и нема да се врши притисок, така да почнуваме од врвот – рече министерот.

Поврзани новости