Манчевски ги повика членовите на советот на МТВ и на АВМУ да си дадат оставки за да почнат реформите

by fokus

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски денеска ги повика членовите на Програмскиот совет на МРТВ и на комисијата при Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги да си поднесат оставки.

-Апелирам нивната лична доблест  и пред се храброст да поднесат оставки.Да дозволат медиумските реформи да се случат во Македонија. Да дозволат политичарите и сите политички партии да ги тргнат рацете од медиумите. Да дозволат отворена и транспарентна постапка, во која јавно, со има и презиме и тие самите ќе може да аплицираат, рече Манчевски.

Ова Манчевски го изјави по денешното продолжение на амандманската расправа на собраниската комсија за транспорт и врски, на која , според него се спречуваат реформите во медиумската сфера заради лични и партиски интереси и заради барањето амнестија.

Поврзани новости