Министерството за информатичко општество од денеска ги пушти платите на административците кои беа стопирани поради тоа што не ги ажурирале податоците. Министерот Дамјан Манчевски вели дека стопирањето не е еднократен процес, туку ќе се повторува секој месец. Инаку, платата беше стопирана во 80 институции. Во моментов има податоци за 91.653 вработени.
Илјадници административци во стотина државни институции, вклучувајќи и минстерства, немаа добиено октомвриска плата бидејќи нивните раководители не го пополниле електронскиот регистар на вработени. Сметките на институциите се функционални, но платите на вработени се задржани од УЈП по налог на Mинистерството за информатичко општество и администрација како опомена за неажурноста на надлежните.
Министерот Манчевска минатата недела објасни дека станува збор за систем поставен уште во 2015 година со кој се поврзува МИОА, УЈП и Агенцијата за вработување и е законска обврска во секој државна институција да се ажурираат податоците за вработените.
С.Т.