Момировски: Не можам да замислам што се случувало во ОХИС кога немало никакво обезбедување!

by fokus 13:05
13:05

Првиот човек на ЕКО-ЦЕНТАР, Владо Момировски во денешната изјава за медиумите информираше дека го добиле тендерот за чистење на хемикалиите кои истекоа од цистерната во Охис.

„Купувачот треба да купи чист објект. нжНие конкуриравме со уште една компанија и го добивме тендерот. Сите хемикалии треба да бидат изнесени надвор од Македонија. ЕКО-МОЗАИК се вика фирмата кој е лиценцирана за консултации за справување со опасен отпад. Ова е прв ваков проект во Македонија. Се работи за 11 видови отпад, распореден на повеќе локации. Еден од опасните е отстранет, другите девет се спаковани да се изнесат надвор од Македонија. Имаме преземено 24 часовно обезбедување и не можам да замислам како било порано кога немало никакво обезбедување. Проблемите ми беа познати, но винил хлодир е хемикалија која 30 години ја нема во Европа. Очекуваме дека во наредните месеци ќе го решиме проблемот. За цистерната со винил хлорид немаме решение. Ние имаме преземено 24 часовно чување со физичко обезбедување на цистерната“, истакна Момировски.

- Advertising -
"

Поврзани новости