Социјалдемократскиот сојуз денеска ги повика сите надлежни институции да излезат на терен и да направат проверка на безбедноста на сите училишта по серијата земјотреси во Скопје. Според потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, моментално најголем хаос владее во образованието.
-Доколку постојат оштетувања и загрозување на безбедноста, како што има информации по медиумите, веднаш најтранспарентно да се извести за тоа. Бараме итно, таму каде што е безбедно да има настава, да се организираат итно обуки и за наставниот кадар и за учениците како да се однесуваат во случај на нови потреси. Неопходно е да се спроведат брзи обуки на сите нивоа, изјави потпретседателот на партијата Дамјан Манчевски.
Манчевски потенцира дека најмалку во училиштата смее да се дозволи во училиштата да завладеат страв и паника.