УЈП: СДСМ пропагира даночна недисциплина

by fokus

Откако опозицискиот СДСМ во пресрет на присилната наплата на радиодифузната такса најави дека ќе ја укине оваа давачка, со реакција се огласија од Управата за јавни приходи.

Од УЈП порачаа дека „политичките партии треба да се воздржат од изјави со кои се пропагира даночна недисциплина и да не ги користат надлежностите на УЈП за дневна политика.”

-Во минатото бевме сведоци дека токму после вакви изјави, политички прозивки и препукување кои во пракса се покажуваат како дополнителен поттик за неплаќачите и создавање револт кај граѓаните, вработените во УЈП беа жртви на вербални и физички напади, што е само дополнителен факт дека политичките партии треба да се воздржат од изјави со кои се пропагира даночна недисциплина и да не ги користат надлежностите на УЈП за дневна политика –  стои во соопштението на УЈП.

Од таму додаваат дека плаќањето на радиодифузната такса е законска обврска за граѓаните и дека во изминатите години даночната администрација вовела и нови услуги со кои времето и трошоците за плаќање на оваа јавна давачка се намалиле.

Инаку, денеска истече рокот во кој граѓаните требаше да ги подигнат решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса. На септемвриската листа се најдоа скоро 85.800 граѓани за неплати повеќе од три сметки.

Поврзани новости