409
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да донесат одлука за менување на фасадите на сите згради на улица Македонија, но и зградите во барокни на уште неколку улици во центарот во Скопје, што е огромно зголемување на опфатот, обвини Дамјан Манчевски, советник во Советот на Град Скопје од редовите на опозицискиот СДСМ.
– Ова е болно. Ова е еднакво на лудост. До сега на менување на барокни фасади се потрошени над 10 милиони евра. Ова неколкукратно зголемување на опфатот, овие нови бројни згради кои треба да се „пресоблечат“ во барок, ќе значат нови околу 50 милиони евра за раскошот и луксузот на Никола Груевски и Трајановски – истакна Манчевски.