516
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Магдалена Манаскова на денешната седница за пратенички прашања, упати критики кон СДСМ поради случувањата во културата и ситуацијата со Охрид и УНЕСКО.
„Со месеци немаме министер за култура. Неговиот претходник го засолнивте на сигурно место, а никој не се ни сеќава на него. Требаше да дојде УНЕСКО и да ви ги посочи проблемите со кои се соочува Охрид“, рече Манаскова.