Малолетнички конзумирале екстази, па се однесувале агресивно на училишна екскурзија кај Дељадровци

by fokus

Две малолетнички се однесувале агресивно и почнале да ја губат свеста на училишна екскурзија кај Дељадровци, пренесува МВР.

„На 29.05.2019 година во 12.28 часот во СВР Скопје, од Клиниката за токсикологија било пријавено дека кај нив биле донесени две четиринаесетгодишни ученички од основното училиште од Скопје. По преземени мерки, било утврдено дека истиот ден околу 11.00 часот во село Дељадровци, скопско, за време на училишна екскурзија, двете ученички се однесувале агресивно и почнале да губат свест, по што била повикана Итна медицинска помош. Притоа, тие изјавиле дека конзумирале таблети, најверојатно екстази, кои ги криеле во облеката. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

Поврзани новости