432
Во организација на Македонската асоцијација на новинари пред седиштето на СДСМ се собрале граѓани, кои фрлале шипки и камења во знак на револт и протест против нападот врз неколку новинари на протестите против власта. Поточно, се мисли на нападот на новинарката Ивона Талевска од страна на учесници на протестот против обидот на власта да ја прикрие вистината за убиството на Мартин Нешковски.
Пред седиштето на опозицисјата имало и десетина автобусти на ЈСП, кои запреле со работата во знак на протест. Според пишувањата на провладините медиуми, ЈСП се одлучиле на овој чекор поради наводното демолирање на автобуси од страна на поддржувачи на СДСМ.
Од СДСМ го потврдија настанот.