Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро ги осудува заканите по безбедноста на новинарите, загрозување на безбедноста на нивните семејства, како и политичкиот притисок кој се засилува од ден во ден.
„Последниот пример со заканите по безбедноста на новинарот и уредник Љупчо Златев, како и на неговото семејство само покажува дека слободата на медиумите сериозно е загрозена, наспроти паушалните оценки на владата дека нема политички притисок.
Ја повикуваме партијата на власт да си ги заузда партиските ботови и да престанат со јавните хајки, заканите кон новинарите и нивните семејства.
Го повикуваме Министерството за внатрешни работи најитно да го расветли овој случај до крај, без разлика кој и да е заканувачот.
Ги повикуваме сите новинари кои се цел на закани и политички притисок да ни се обратат, истите да ги пријават, а правниот тим на МАН им стои на располагање да им помогне.
Лицемерие е што министрите Поповски и Димитров заминале во Лондон и потпишале Глобалната заложба за слобода на медиумите. Македонија е црна точка на мапата по слобода на медиумите во ЕУ.
За овие, како и за претходните закани, известени се ЕФЈ и ИФЈ, како и странските амбасади во земјава“, велат од МАН.