Двајца малолетници и една малолетничка од Шуто Оризари се снимале и порнографските снимки ги праќале на други малолетници.
Вчера тројцата малолетници биле повикани на службен разговор во полициското одделение во Шутка во присуство на нивните родители и адвокат.
-Постапувајќи по претходна пријава, според која преку социјална мрежа до неколку малолетници е испратен видео запис со експлицитна содржина со малолетниците, полициски службеници преземале мерки и активности и во координација со социјален работник и инспектор од Одделение за компјутерски криминал извршиле разговори околу околностите во кои се случилило делото, соопшти МВР.
По насоки на дежурен Јавен обвинител за малолетници, мобилните телефони од повиканите малолетници одземени се за вештачење, а по документирање на случајот до ОЈО ќе биде поднесена пријава.